Мистеријата за исчезнатиот патнички авион „777 8“ сè уште е нерешена

Речиси е незамисливо и секако општествено неприфатливо во времето на модерното воздухопловство да исчезне патнички авион и светот да не знае што се случило со него и неговите патници.

Австралиските власти длабоко жалат што не ги пронајдоа остатоците од авионот на „Малезија ерлајнс“, кој се сруши за време на летот „MH370“, и во конечниот извештај за неуспешната потрага објавена во вторникот напишаа дека загатката не е решена и дека тоа за нив е неприфатливо.

Причината за губењето на „МH370“ не може конечно да се утврди додека авионот не биде пронајден, соопштија од австралиската канцеларија за безбедносен сообраќај (ATSB) во извештајот.

Исчезнувањето на „боингот 777 8“ на 8 март 2014 година, во кој имаше 239 патници на летот до Пекинг кон малезискиот главен град Куала Лумпур, е едно од најголемите светски воздухопловни загатки.

Се смета дека свртел илјадници километри од насоката над јужниот Индиски Океан пред да се сруши над брегот во западна Австралија.

Во извештајот на ATSB, објавен во вторникот, се наведени податоците од 1.064-те дневни неуспешни потраги за авионот, направени над и под површината на Индискиот Океан, со помош на научни анализи и сателитски снимки. Тешкотиите настанале поради морските струи, а податоци се зеле и од школките откриени на парчињата остатоци најдени на авионот на островот Реунион.

Малезија го истражува исчезнувањето и во август објави дека ја прифаќа понудата од приватната компанија „Оушн инфинити“, која ќе продолжи со истрагата.

 

 

 

Scroll to Top