На прославата на Жељко Јоксимовиќ по повод раѓањето на близначките, малите Ана и Срна, присуствуваа многубројни пријатели, членови на семејството, но и колеги од естрадата и јавни личности.
Меѓу официјалните лица беше и Чедомир Јовановиќ, кој дојде до сопругата Јелена, кои беа во центарот на вниманието кога се појавија рака под рака.
Сопругата на Чедо веќе со години е меѓу најубавите жени на српските политичари, а оваа титула ја оправда синоќа кога се појави во краток елегантен шортс, палто и блуза.
Јелена е вистинска убавица со беспрекорна става, па и не чуди што Чедо не ја испушта од рака. А доколку го додадеме и податокот дека Јовановиќ е на топ-листата најзгодни српски политичари, повеќе од јасно е дека и двајцата заедно се совршена комбинација.