Сметката откри дека убиецот од Лас Вегас вечерал со уште една личност во собата пред пукањето

Напаѓачот нарачал ручек во собата за двајца на 27 септември, четири дена пред масакрот, а сликата објавена на „Фејсбук“ од страна на човекот кој тврди дека го послужил Стивен Падок во собата покажува дека напаѓачот имал гостин во текот на својот престој во хотелот „Манделеј беј“ четири дена пред да се случи масакрот.

На потврдата видливо се гледа напишано името на келнерот Антонио, кој послужил двајца гости „IRD_МB“, што значи „Послуга во собата во хотелот Манделеј беј“.

Бројот на масата бил „32135“, што го означува бројот на собата на Падок (135), на 32 кат.

Падок нарачал хамбургер, печиво со сирење, супа од компири, вода и две шишиња пепси, што укажува дека другата личност исто така јадела со него во собата.

Датумот на сметката е 27 септември, а властите тврдат дека Падок се пријавил во хотелот дури следниот ден, на 28 септември.

Гостинот на Падок не можел да биде неговата девојка Марило Данли (Marilou Danley) затоа што таа била на Филипините во тој период.

Лицето кое ја објавило потврдата изгледа дека ја избришало објавата од својата фејсбук-страница, иако страницата сè уште покажува дека тој работи во хотелот „Мандалеј беј ресорт и касино“.

Властите сега се во лов на личноста со која Падок вечерала за да се утврди дали тоа лице било вклучено во заговорот и која е жената која наводно викала меѓу толпата 45 минути пред почетокот на концерто „ноќва сите ќе умрат“. За тоа повеќе прочитајте на следниот линк.

 

 

Scroll to Top