Криси Тиган и Џон Леџенд набргу ќе се обидат да станат родители вторпат. Тие ќе го користат вториот смрзнат ембрион, а Криси ќе биде вештачки оплодена. Криси и Џон долго време не сакаа да зборуваат за вештачкото оплодување со кое Криси остана бремена и ја роди ќерката Луна. Но, во едно скорешно интервју таа раскажа дека пред неколку години со сопругот поминале низ мачни третмани за плодност и дека имаат уште само еден смрзнат ембрион, кој им е последната шанса да станат родители вторпат.
„Започнавме со 20 ембриони, кои по испитувањата се сведоа на три. Првото оплодување беше неуспешно, а второто ни ја донесе Луна. Сега имаме само уште една шанса“, рече Криси во интервјуто.