Пејачката Рада Манојловиќ пред неколку години беше во врска со пејачот Милан Станковиќ, но уште во тоа време се појавија многубројни коментари дека сето тоа е само лага за пред јавноста.
Неодамна пејачката имаше интервју за „Прес претрес“ и на прашањето за Милан, таа рече:
„И јас го прочитав тоа во една колумна што веќе ја нема. Тоа се приказни од типот на рекла-кажала. Разбирам дека луѓето веруваат во тоа што сакаат да веруваат, но врската со Милан не беше параван за слава“.