Денешното снимање на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ е откажано. Ни премиерата на шоуто во Србија не се одржа иако беше закажана пред две недели. Шоуто веќе не се емитува на телевизијата „Прва ТВ“, а и покрај најавите дека ќе се гледа не ТВ „Пинк“, не беше пуштено ни таму. Карлеуша деновиве изјави дека не ѝ се допаѓа идејата шоуто да се прикажува на „Пинк“, па ако се случи тоа, таа ќе си замине. Официјални изјави нема, но Вики Миљковиќ рече: „Нема да снимаме ни в понеделник. Причините за откажувањето не ги знам“.
И Саша Поповиќ засега молчи. Ни учесниците на „Ѕвездите на Гранд“ ни жирито во моментот не ја знаат судбината на шоуто, ниту кога ќе почне повторно да се снима.