Откажано снимањето на „Ѕвездите на Гранд“

Денешното снимање на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ е откажано. Ни премиерата на шоуто во Србија не се одржа иако беше закажана пред две недели. Шоуто веќе не се емитува на телевизијата „Прва ТВ“, а и покрај најавите дека ќе се гледа не ТВ „Пинк“, не беше пуштено ни таму. Карлеуша деновиве изјави дека не ѝ се допаѓа идејата шоуто да се прикажува на „Пинк“, па ако се случи тоа, таа ќе си замине. Официјални изјави нема, но Вики Миљковиќ рече: „Нема да снимаме ни в понеделник. Причините за откажувањето не ги знам“.

И Саша Поповиќ засега молчи. Ни учесниците на „Ѕвездите на Гранд“ ни жирито во моментот не ја знаат судбината на шоуто, ниту кога ќе почне повторно да се снима.

Scroll to Top