Унгарија мора да прифати 1 милион имигранти годишно, вели Сорос.
Унгарскиот премиер удри по милијардерот Џорџ Сорос и неговиот обид да го уништи духот на Европа со присилно населување десетина милиони мигранти. Тој тврди дека должноста на христијаните е да се борат против она што тој го нарекува Соросов ѓаволски план.
Унгарскиот законодавец Андрас Арадски, кој ја претставува Христијанската демократска народна партија, тврди дека Сорос и неговите другари сакаат да ги уништат независноста и вредноста на националните држави.
Според Андрас, тоа се случува со цел раздвојување на христијанскиот дух на Европа со помош на присилно населување десетици милиони мигранти.
„Но, борбата против Сатаната е христијанска должност. Да, говорам за нападот на Сатаната, кој го негира тоа што се подготвува да го направи, дури и кога е сосема очигледно. Тие грчевито се обидуваат да докажат дека не постои ‘имигрантска’ квота, насилно населување и план на Сорос“, наведе Андрас.
„Националната консултација е извонредна можност за нас да го изразиме нашето мислење за планот што го нарековме Соросов сатанистички план“, заклучи тој. Началникот за безбедност на премиерот, Ѓерѓ Баконди, предупреди на последиците од планот на Сорос.
„Тој може да има сериозни последици врз сувереноста на државите членки, на самите нации, а исто така и врз безбедноста на европските граѓани“, истакна тој.
Мора да напоменеме дека неодамна германски психијатар предупреди на имигрантската бомба во Германија и дека многу автохтони Германци заболеле од психички болести поради наездата на имигранти, а рекордно порасна и бројот на силувања и криминални престапи.
Сорос во 2015 година изјави дека ЕУ мора да прифати најмалку милион баратели на азил годишно. И тој товар мора да го подели праведно.
ЕУ треба да осигури 15.000 евра од барател на азил за првите две години за да ги покрие живеалиштето, здравствената заштита и трошоците за образование и со прифаќање на имигрантите да ја придобие довербата од земјите членки.
Премиерот Виктор Орбан, кој во повеќе наврати го обвини Сорос за лошата бегалска криза во Европа, изјави дека Брисел паднал под влијанието на Џорџ Сорос.
„Ние го откривме постоењето на планот на Сорос, а и тој самиот призна дека тој постои. Ние го ставивме во фокусот на политиката“, изјави премиерот во разговор за јавно радио во петокот.
Во јули Орбан го обвини Сорос дека ја користи ЕУ за да создаде нова мешовита муслиманизирана Европа.
Премиерот изјави дека Сорос сега е посилен во Брисел за разлика од Вашингтон или Тел Авив и тврди дека европските институции треба да се борат да го ограничат неговото влијание.
Тој наведе дека реформата на Европа може да почне по прекинот на илегалната миграција во ЕУ и дека унгарската гранична одбрана може да помогне во таа насока.
Минатиот месец Орбан ги повика Унгарците да учествуваат во јавната анкета на владата за панот на Сорос, со напомена дека ќе ѝ помогнат на земјата да се заштити од миграцијата. Анкетата со тема „Национална консултација“ ќе побара од Унгарците да го изразат својот став за тоа дали Унгарија треба да ги прифати бегалците.
„Ја сакаме Унгарија во ЕУ“, изјави Орбан на првиот ден од есенското издание на парламентот.
Минатата недела Горан Булиоски, директорот на иницијативата за Соросовото Отворено општество во Европа, изјави дека Сорос ја поддржува кохерентната и хумана политика која ќе помогне да се вселат мигрантите што бегаат од угнетување и насилство во своите домови, но дека не постои глобален заговор против Унгарија.
Унгарија сега е на првата линија на фронтот во одбраната против ЕУ-квотата за населување на мигрантите, заедно со Полска и Словачка. Прашањето е спорно за одлуката на ЕУ во 2015 година повторно да се разместат околу 160.000 бегалци од Грција и Италија во период од две години, од кои досега се решени само 27.000.
Унгарија наведе во септември дека нивната ограда на границата со Хрватска и Србија помогнала да се намали приливот на мигранти 99,7 отсто од 2015 година.
Унгарската ограда на границата во повеќе наврати беше критикувана од страна на другите европски земји, како и од страна на политичарите во ЕУ, но Будимпешта дава отпор на притисокот.