Девојче од Загреб тешко болно, мајката очајно бара помош

Лекарката Алма Демировиќ од јуни годинава  води битка со аутоимуната болест на нејзината ќерка. Таа верува дека заболувањето е резултат на вакцината што  ја примила две недели пред првите симптоми на болеста. И покрај сè, таа и понатаму смета дека предностите на вакцинацијата се поголеми од штетното влијание на истата.

На почетокот на јуни годинава Алма Демировиќ, докторка по медицина и специјалист на патологија, забележала дека на девојчето почнало забрзано да му паѓа косата. Девојчето било однесено на дерматолог каде му била поставена дијагноза – алопеција на ареата. Таа до пред две години имала бујна, нескротлива коса, а денеска ѝ паѓаат веѓите и трепките, па дури и ноктите.

Алопецијата, и тоа од најтежок облик, го претворила нејзиниот живот во битка која првенствено морала да се стави под контрола, а потоа да се бараат одговори.

Првите симптоми се појавиле две недели по вакцинацијата

„Направивме тестови, извадивме многу крв, но и тогаш не знаевме со каква дијагноза треба да се соочиме. Во разговорот со луѓето дознавме за еден лекар од странство, кој е интернист и со соработниците има метод со кој лекува цела низа автоимуни болести, па се обративме до него“, вели за „Проверено“ Алма и додава дека од еден од тестовите тие ја откриле нуспојавата од вакцините, а докторот тогаш не ни бил свесен дека девојчето е вакцинирано.

„Не ми падна на памет дека тоа би можело да биде причина. Забележав дека вакцината е примена две недели пред да забележиме засиленото паѓање на косата“, вели Алма, која потоа се обратила до сите релевантни институции и лекари за да дознае која е причината за болеста на ќерка ѝ и дали автоимуната болест на девојчето е поврзана со вакцината на чија декларација ваквите нуспојави ги нема.

Трагедија без одговорност од надлежните

Случајот е пријавен во Хрватската агенција за лекови од каде се одобрува увозот на вакцините. Од таму тврдат дека пријавата е примена и дека е започната процедура, но проценката сè уште не е довршена. Велат и дека ова е единствениот случај кој досега го имале со такви последици, а по увидот во светските податоци, јавиле дека во светот постојат уште два такви случаи.

И покрај целата ситуација, Алма и понатаму смета дека користа од вакцинацијата е поголема од штетата, но истакнува и дека главниот проблем кај обврзувачките вакцини кои ги има пропишано државата е тоа што во случај на нуспојави не постојат закони кои ќе ја утврдат одговорноста.

„Секој на крајот ќе постапи по свое убедување. Секогаш ќе има такви кои нема да ги вакцинираат своите деца, а ако ја укинеме законската обврска, повеќето повторно ќе се вакцинираат затоа што знаат дека користа е поголема од штетата. Но, кога еднаш ќе се случи тоа, тогаш ќе се најдете пред ѕид затоа што  нема одговорна личност која би ви помогнала да се носите со последиците од тоа“, вели Алма.

Scroll to Top