Меѓународната академија за телевизиски уметности објави дека ја повлекува одлуката на Кевин Спејси да му ја додели почесната награда „Еми“. Ова се случува по откривањето дека тој пред повеќе од 30 години се обидел да заведе 14-годишно момче.
Двократниот оскаровец и еден од популарните и почитувани американски актери требаше да ја добие наградата на посебна свеченост во Њујорк следниот месец.
„Како последица на најновите настани, Академијата ја повлекува наградата во чест на Кевин Спејси“, се вели во соопштението.
Спејси јавно се извини за своето недолично однесување додавајќи дека не се сеќава на случката од 1986 година кога на една забава во Њујорк сексуално го вознемирувал тогаш 14-годишниот актер Ентони Рап.