Француски феминистки во топлес во Париз ја прекинаа ретроспекцијата на филмовите на Роман Полански, обвинет за сексуално вознемирување.
Стотина жени излегоа минатиот викенд на улиците во Париз и во други 10 града во Франција за да протестираат против сексуалното вознемирување кога се дозна за скандалот со Харви Вајнстин.
Во Париз жените се собрале на Плоштадот на Републиката носејќи транспаренти на кои пишувало „Mи ту“, односно „И јас“, што е хаштаг на социјалните мрежи што го користат десетина илјади жени за размена на лични приказни за сексуално вознемирување и напад.