Сакала да го продаде поволното возило за 499 долари, а по само една минута ѝ понудиле 100.000

Една Американка од Калифорнија одлучила да ја продаде својата половна „хонда акорд“ од 1996 година на „Ибеј“ за цена од 499 долари.

За да успее во тоа, нејзиниот свршеник Макс Ланмен, инаку режисер, ѝ понудил да сними реклама за возилото. Ова возило веќе минало 227.070 километри, па сопственичката му одредила цена од 499 долари.

Господинот Ланмен добро го искористил талентот и направил реклама која многу бргу станала популарна, па со самото тоа и цената на возилото почнала вртоглаво да расте.

Последната понуда на „Ибеј“ изнесувала неверојатни 100.000 долари, а продажбата е сѐ уште во тек и ќе трае и наредните три дена.

„Инспирацијата за реклама ја добив од мојата девојка. Кери и јас се возевме покрај брегот додека патувавме на кампување“, изјави тој за Би-би-си.

„Надреално е што рекламата станала толку многу популарна во светот. Фала богу за интернетот“, изјавил тој.

Видете го видеото:

 

Scroll to Top