(Фото) Џек Николсон со 160 килограми – лекарите му имплантирале желудочен бајпас

Холивудската легенда Џек Николсон, кој во април годинава наполни 80 години, шокира со својот изглед.

Актерот кој беше цел на медиумите ги полнеше насловите со својата тежина за која се пишуваше дека изнесува дури неверојатни 160 килограми.

Последните фотографии направени додека Џек Николсон го бодри својот тим во НБА-лигата, Лос Анџелес Лејкерс, покажуваат дека и медиумите не биле далеку од вистината. Тој во друштво на својот Син Реј и боксерот Флојд Мејведер не успеа да ги избегне папараците.

Некои ја забележале и лузната на стомакот на Николсон, а американските медиуми им се јавиле на лекарите и тие тврдат дека станува збор за рез од зафат за вградување желудочен бајпас.

 

Scroll to Top