Имено, оваа фолк-ѕвезда со децении собирала слики, главно од истакнати српски сликари од минатиот век, а по нејзини личен вкус најмногу дела имала од Урош Предиќ, Сава Шумановиќ и Паја Јовановиќ.
Вера со купување слики почнала уште во времето на Југославија кога цената за нив немала некаква голема вредност, а таа во тоа време заработувала многу малку, дел од продавањето плочи, нешто од настапи. За разлика од сите колеги на естрадата кои биле опседнати со недвижности, Вера одлучила да вложува во слики бидејќи, според нејзиното мислење, најдобра инвестиција била токму таа.
Нејзината огромна колекција од времето станала една од најреспектираните и најголеми на Балканот.
Видете како изгледа нејзината вила: