Во Северна Кореја важат поинакви правила отколку во повеќето држави во светот, а жителите на оваа земја поради санкциите се ограничени во однос на она што можат да го купат. Во Северна Кореја, на пример, не се продава кока-кола, хигиенски влошки, кондоми, ниту, пак, луѓето имаат пристап до интернет. Еве што не можете да купите во земјата.
Кока-кола
Купувањето кока-кола е забрането, но не и невозможно. Многу граѓани наоѓаат начин да купат копија на пијалакот од Кина.
Кондоми
Многу граѓани не ни знаат дека кондомите постојат како производ.
Патувања
Патувањето до Јужна Кореја или Јапонија е недостижен сон за граѓаните на Северна Кореја, а патувањето во странство е дозволено само со посебни исправи. Некои граѓани не смеат да патуваат дури ни во внатрешноста на земјата.
Весници
Во државата има многу весници, но исклучиво локални, кои го величат Ким Јонг-Ун.
Боја за коса
Во оваа земја дури и фризурите се пропишани со закон, а граѓаните можат да изберат помеѓу петнаесетте фризури одобрени од власта. Боја за коса, сепак, не се продава.
„Мек Доналдс“
Повеќето граѓани на земјата можат само да сонуваат да пробаат некој од сендвичите на „Мек Доналдс“.
Новогодишни елки
Ким Јонг-Ун забранил продажба на какви било предмети поврзани со празниците, вклучително и новогодишни елки и украси за нив.
Билети за концерти
Во Северна Кореја не се одржуваат концерти на светските ѕвезди.
Електронски апарати
Во Северна Кореја не се продава ништо со потписот на „Сони“ и „Епл“.
Недвижнини
Граѓаните не смеат да продаваат и да купуваат недвижнини, но затоа можат да ги разменуваат.
Интернет-пристап и кабелска телевизија
Интернет-пристап можат да си дозволат само одредени луѓе, и тоа под строга контрола од власта. Телевизиите, пак, емитуваат само национална програма, а емитувањето почнува во 15 часот.
Фармерки
Фармерките не можат да се најдат во слободна продажба и не смеат да се носат јавно бидејќи, според властите, изгледаат премногу „странски“.
Цигари
Никој во земјата не смее да пуши за лидерот на Северна Кореја да не дојде во допир со чадот од цигари и да се разболи.
Хигиенски влошки
Во оваа држава не се продаваат ни хигиенски влошки, па жените мора да се наоѓаат како умеат во деновите од месечниот циклус.