Фронтменот на групата „Моби Дик“, Срѓан Чолиќ, во едно скорешно интервју открил дека песната со која се прославил, „Крал на кокаинот“, е автобиографска.
„Живеев со една девојка од мојата 19. до 23. година. Кога раскинавме дознав дека паралелно била во врска со дилер на кокаин. За мене тоа беше шок. Тогаш ја напишав песната“, рекол Срѓан.
Песната „Крал на кокаинот“ е една од најпопуларните српски песни во ‘90-тите години на поранешните ЈУ простори.