Големата галерија „Лафајет“ во Париз, освен што е позната по ексклузивните и скапи производи, препознатлива е и по интересните новогодишни елки. Парижаните, но и туристите што го посетуваат градот за време на празниците, одат специјално во галеријата за да ја видат новогодишната елка.
Овој пат таа е шарена во вид на бонбони, лижавчиња и колачиња, а беше претставена на почетокот на ноември.