Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се соочува со нови обвиненија за сексуален напад. Четири жени го обвинуваат дека сексуално ги нападнал во раните 2000 години кога соработувал со американскиот инвеститор и милијардер Рон Баркли.
Во времето на сексуалниот напад жените што не се именувани во организацијата на Баркли работеле на пониски позиции и биле во доцните тинејџерски години. Четирите жени во посебни тужби бараат големи износи отштета од Клинтон.
Клинтон (71) повеќепати се најде под обвиненија дека сексуално ги вознемирувал жените, а аферата со Моника Левински е најпознатата негова афера.