(Втор дел) Над илјадници Евреи протестираа против ционистите и создавањето на новиот светски поредок

(Втор дел)

Неодамнешните протести во Полска би требало да ги предизвикаат луѓето во целиот свет да се замислат. Меѓутоа, масовните медиуми повторно предизвикаа ваквиот протест да мине лесно и за ова ништо да не се пренесе и знае. Во срцето на Европа запалено беше и знамето на Европската Унија. Тоа претставува чин со кој луѓето се обидоа да ја спречат Европа да воведе нов комунизам и диктатура.

Ваквиот протест се случи на Денот на независноста на Полска кога 50.000 луѓе излегоа на улиците на Варшава на демонстрација со име „Полска за Полска“. Во таа силовита бројка известуваа и организаторите на протестот, а медиумите и службите чија должност беше да го одржуваат јавниот ред по обичај бројот на собрани го намалија половина. Зошто? Затоа што на никој не му е од интерес европските граѓани да ја видат реалната страна. „Поради честа, татковината“, скандираа учесниците додека маршираа под знамето на Полска предупредувајќи дека Европа и покрај силните напори нема да заборави кои се.

Палењето на знамето на Унијата среде Варшава е потег што говори многу повеќе од она што на нас медиумите се обидуваат да ни го покажат нарекувајќи ги учесниците екстремисти, нацисти, расисти. Тоа е потег на свесност, потег вреден за пофалба.

Некои од источноевропските народи брутално се бомбардирани од новите политички лица, кои најавуваат децентрализација, односно разграбување на националните богатства, а народите воопшто немаат поим за тоа.

За елитата не е проблем централизацијата во државите додека европскиот ѕвер ги држи сите конци во рацете и стои над нивните глави и наредува.

По терористичките напади во Париз, протестите таму се сведени на минимум речиси до фаза да се забранат. Но, луѓето и покрај тоа масовно излегуваат на улиците, нешто што медиумите во голема мера го забошотуваат.

Тие луѓе целосно се будни и свесни дека слободата им е заменета со диктатура и излегуваат на улица и се борат против новиот светски поредок и полициската држава, која, поради терористичките напади, го зазема правото да биде над човекот.

Тоа го одобруваат сите институции во Европа кои со сите сили се трудат да ги забошотат реалноста и фактот дека Европа се буди! Како и тоа дека сите нас нѐ воведуваат во едни застрашувачки времиња на глобална контрола над сите човечки суштества.

Така, одеднаш недозволени протести се случуваат и во Франција, која до неодамна се фалеше со слободата, братството и единството, а истовремено ги претвори во агресија на полицијата над човекот!

Но, тоа не е сѐ. Во овој момент цела Европа полудува, медиумите тоа го кријат, немирите и протестите буквално ја преплавуваат Европа, а за тоа сведочи и интерактивната карта на „Индипендент“ каде што во реално време можете да ги следите протестите во светот.

Видете ја картата подолу:

 

Познато ли ви е нешто од ова?

Елитите знаат сѐ!

„Супер богатите менаџери во светот масовно купуваат приватни авионски писти, засолништа и имоти далеку од големите градови и села во случај на граѓанско востание, кое набргу се очекува да се случи. Нервозните финансиери масовно одат на тајни места далеку од луѓето за да бидат подготвени за нередите и хаосот во одредени делови од светот“, изјави Роберт Џонсон, претседател на Институтот „Ново економско мислење“, пренесува „Мирор“.

Исто така, Џонсон додаде дека елитата знае дека набргу ќе дојде до хаосот поради зголемената нееднаквост меѓу луѓето, со што апсолутно се потврди дека планот на елитата бил свет без граници и да се создаде хаос. Додаваат дека банкарите и финансиерите први ќе бидат цел на бесните граѓани, како и дека и тие самите се свесни за тоа, па затоа се подготвуваат за бегство во подземјето или дури надвор од оваа планета.

Имено, Џонсон исто така додаде дека елитата е во толкав страв што некои од нив се подготвуваат, ако можат, да побегнат на друга планета! Ваквите информации, кои доаѓаат од внатре, од самата врхушка на светската елита, во која Џонсон и самиот припаѓа, се разбира, во голема мера се премолчува од страна на медиумите, баш како и алармантното предупредување на поранешниот советник на британскиот премиер Дамијан Мекбрајд, кој неодамна ја вознемири светската јавност со најавување на глобалниот економски и социјален колапс кој може многу бргу да настапи и да дошло до големи граѓански немири, па важно е луѓето да бидат подготвени на три работи.

Прво, како што предупредува господин Мекбрајд: Подгответе го кешот на безбедно место. Никако немојте да претпоставите дека банкоматите и банкарските картички ќе бидат во функција. Второ, имате ли доволно вода во боците, конзервирана храна и други основни продукти за да преживеете барем еден месец во куќата? Ако немате, набавете си! И, трето, размислете за местото каде што ќе го соберете вашето семејство, пријателите и саканите. Ако дојде до прекин на транспортот и комуникациите, мора да знаете каде ќе можете да си ја зачувате главата.

За што се работи? Народот се буди и ќе тргне на елитата секој момент, а тоа тие го знаат.

Линк од првиот дел

Scroll to Top