Актерката Кајли Куоко, нам најпозната по улогата на Пени во серијата „Бубалици“ се вери со своето момче Карл Кук, на нејзиниот 32. роденден. Веста за свршувачата ја објавил Кајл на својот инстаграм-профил, преку видео.
„По скоро двегодишна врска, собрав храброст да ја побарам за жена“, напишал тој.
Само неколку часа пред да ја побара за жена, Карл објавил фотографија од двајцата нив во продавница, каде што се шегува со пластичен прстен.
„Мојата сакана ќе добие што ќе посака, иако според изразот на лицето, ова не е вистинскиот прстен“, напишал под објавата.