(Видео) Пирати со калашникови нападнаа брод, а Црногорецот Ален ги исплашил со три ракети

Црногорскиот државјанин Ален Бикиќ кој работел на брод како морепловец, го снимил нападот на пиратите во водите на Нигерија.

Инцидентот се случил вчера, а борбата за опстанок траела со часови.

„Биле вооружени со три калашникови (АК-47). Упорно се обидувале да стигнат до бродот“, изјави Бикиќ.

Вели дека во прашање биле осум пирати со маски, кои стигнале на гумени чамци.

„Отако ги видовме, ракетите кои служат да бидеме приметени, ги вперив кон нив, и откако испалив три ракети, тие се откажаа“, вели Бикиќ.

За храброста пофален е во компанијата со која плови, а видеото го објавил на Фејсбук страницата „Подгорички времеплов“.

Погледнете го видеото:

 

 

Scroll to Top