Војнички грав по оригиналниот рецепт на ЈНА

Не постои војник од ЈНА за кого војничкиот грав не бил деликатес. Благодарение на специјализираниот готвач што е објавен на веб-страницата „ЈНА кухар“ сега и цивилите можат да уживаат во војничкиот грав.

Рецепт и приготвување:

Гравот се потопува во студена вода, но водете сметка притоа да има доволна количина вода која ќе го покрие

Гравот се остава на студено место од еден до три часа. Потоа водата се процедува, па се налева нова студена вода и се става на оган 10-15 минути додека да зоврие.

Во меѓувреме, на малку врело масло се додава половина ситно сечкан кромид и рендан морков, малку се пржат, па се додава месото, кое е претходно одвоено од коските и исечено на коцки. Сето ова се динста додека не испари отпуштената течност и се трга од оган.

Од варениот грав се цеди водата, па му се додава топла вода и половина ситно сечкан кромид, па се остава да се вари. Кога гравот е полусварен, му се додаваат пржениот кромид и месото. Се вари со повремено долевање топла вода (по потреба) сè додека гравот не омекне.

На малку загреано масло се додава брашно и се пржи додека не зарумени. Потоа се исклучува и веднаш се додава црвен пипер во прав и ситно сечкан и толчен лук, па добро се меша. На гравот му се додава лавров лист, зачин, концентриран сок од домати (претходно разреден во малку млака вода), се посолува и се запржува со постојано мешање за да не се згрутчи запршката.

Гравот со запршката треба да се вари уште 20-30 минути, а потоа се исклучува, се додава мелен црн пипер, ситно сечкан магдонос, сол по потреба.

Готвачите на  ЈНА  препорачуваат  гравот да не се меша сè до неговото запржување!

 

Потребно за 4 чинии:

500 г грав

Лажица брашно

1 главица кромид

1 чешне лук

1 морков

пловина чаша (за кафе) сок од домати

200 г говедско месо

Масло, пипер во прав, црн пипер, магдонос, зачин, лавров лист и сол по вкус

За посен грав, иста е постапката, само без месо, а може да се додадат суви пиперки, претходно два часа

Scroll to Top