Попладневното спиење е полошо од тоа што сме мислеле

Ново истражување направено на Американскиот колеџ за кардиологија, покажало дека попладневното спиење во временски период подолг од 40 минути го зголемува ризикот од појава на покачен крвен притисок и холестерол. Студијата опфатила 300.000 испитаници, а резултатите беа објавени на годишната конференција на кардиолози.

Според нив, човечкото тело за време на спиењето, доколку тој во текот на денот трае повеќе од 40 минути, ќе мисли дека е во состојба на длабок сон, нешто што значително влијае на метаболизмот и го забавува. Студијата тврди дека спиењето попладне ги прави луѓето поуморни отколку што се навистина.

Поубаво и поодморено се чувствуваат оние луѓе што попладне ќе отспијат најмногу половина час. Доколку дојде до подлабок сон, мозокот преминува во фаза на бавни бранови, по што се чувствуваме уморно и дезориентирано.

 

 

Scroll to Top