Преку интернет нарачала фармерки, а во џебот пронашла носена танга

Медицинската сестра Кристин Еванс нарачала преку интернет-страницата „Nordstrom“ фармерки од марката „Not Your Daughters Jeans“, но иако панталоните изгледале совршено, во џебот ја дочекало изненадување, танга.

Во џебот на фармерките, кои ги платила околу 100 евра, пронашла женска долна облека, и тоа претходно носена.

Се јавила во службата за корисници, но тие никогаш не ѝ одговориле. На крајот, одлучила да објави на „Твитер“ што ѝ се случило.

По многу години лојалност кон вашата компанија, се шокирав од изостанокот на корисничка поддршка, откако ги добив фармерките со валкана и носена танга во предниот џеб. Ја повикав корисничката служба и не добив одговор адекватен на стандардите на компанијата“, напишала Кристин на „Твитер“.

Таа додаде дека како медицинска сестра е загрижена за опасноста за здравјето која валканата облека може да ја предизвика.

Како што обично се случува, откако нејзината приказна излезе во јавност, од компанијата се извиниле и понудиле замена, па објавиле дека ќе истражат што се случило.

Инаку, Кристин досега често наручувала од оваа компанија и немала никакви проблеми.

 

 

 

 

Scroll to Top