„Скотланд јард“ започна истрага против Кевин Спејси кога уште еден маж го обвинил актерот за сексуален напад. Ова е трето обвинение за 58-годишниот актер.
„На 13 декември добивме обвинение дека маж сексуално нападнал друг маж, трета жртва, а тоа се случило во 2005 година“, изјавиле од лондонската полиција. Тие не го спомнале јавно Спејси, но истакнале дека тоа е истото лице што е обвинето за слични дела од 2005 и 2008 година.
По првите обвиненија за сексуален напад против Кевин Спејси, неколку мажи и жени изјавиле дека актерот се однесувал непримерно кон нив. Истрага против Спејси се води и во САД.
Од лондонскиот театар „Олд виц“, каде што Спејси работел од 2004 до 2015 година, соопштиле дека добиле 20 лични сведоштва за недолично однесување на Спејси. По обвиненијата, актерот не нема појавено во јавноста.