Поп-кралицата Мадона работи на својот нов албум. Таа одамна нема издадено ништо ново, а веста дека подготвува музика, како и повеќето ѕвезди, ја објави преку својот инстаграм профил. На фотографијата таа напиша „Прекрасно е чувството кога работиш на нова музика“.
Повеќе детали околу албумот не се познати освен дека ќе биде промовиран во 2018 година и дека повеќето песни ќе имаат силна политичка порака.