Холивудскиот актер Јуан Мекгрегор (49) и неговата сопруга Ева Мавракис (51) се разведуваат по 22 години брак.
Барањето за развод го поднесе Мекгрегор, наведувајќи дека меѓу нив постојат несовладливи пречки и побара заедничко старателство над децата, наведува TMZ.
Освен тоа, Јуан наведе дека се согласува на плаќање алиментација и сè што е потребно за неговите деца.
Но, од друга страна, Ева побарала целосно старателство над децата, со можност Мекрегор повремено да ги посетува.
Двојката неофицијално се раздели во мај 2017 година, но тоа официјално го направија во октомври, пишува магазинот „Пипл“.
Мекгрегор од октомври е во врска со актерката Мери Елизабет Винстед (33), ѕвездата од серијата „Фарго“, а во говорот што го одржа на неодамнешното доделување на „Златен глобус“ се заблагодари на две жени, сопругата и љубовницата. Се чини дека јавната прељуба сериозно ја погоди неговата сопруга бидејќи не се согласува со условите за развод.
Инаку, интересно е дека Мери Елизабет се разведе од својот сопруг во мај 2017 година, по седум години брак.
Мекгрегор и Ева се запознаа на едно снимање, а се венчаа во далечната 1995 година.
Ќерката на Мекрегор, Естер (15), тешко го поднесе тоа што нејзиниот татко ја оставил мајка ѝ и не го поддржува во неговата нова врска. Нивниот бакнеж во јавоста ја погодил, а разочарувањето го покажа и јавно на социјалните мрежи. На „Инстаграм“ Естер објавила видео на кое свири на гитара и ги пее стиховите: „Не знам како да простам. Не знам дали ќе можам“.