Бијонсе слабее со колачиња

Поп-дивата Бијонсе е фотографирана во понеделникот на 22 јануари во издание во кое ретко можете да сретнете која било друга ѕвезда!

Но, за разлика од балканските ѕвезди, на планетарно познатите жени ваквите моменти очигледно не им се проблем, дури ни кога се фотографираат исцрпени по тренинзите.

Токму во вакво издание во западен Холивуд папараците ја уловија Бијонсе. Ја фотографираа целосно без шминка, во обичен дуксер и хеланки.

Сепак, она што привлече можеби најмногу внимание кај неа се лицето без шминка и она што го носеше во рацете.

Станува збор за домшани колачи од чоколада, натопени во ванила. Како што пишува „Дејли мејл“, на сите им е целосно нелогично што Бијонсе се храни на ваков начин додека истовремено се обидува да го намали вишокот килограми.

Добитничката на 22 награди „Греми“, наводно, е на забрзана диета, чие правило е двапати недело да внесе до 600 калории, а преостанатите денови треба нормално да се храни.

Да потсетиме, Бијонсе и Џеј Зи имаат три деца, ќеркичката Блу Ајви (5) и близнаците Руми и Сир, кои имаат по 7 месеци.

 

 

Scroll to Top