Андреа Закерман од серијата „Беверли Хилс“ се разголе на 57 години

Симпатичната бринета од серијата „Беверли Хилс“, која се емитуваше во 90-тите години од минатиот век, Андреа Закерман (57) пред два дена се појави разголена на доделувањето на SAG наградите во Лос Анџелес каде има улога меѓу челните луѓе на оваа организација.

Таа на црвениот тепих продефилира во долг црвен фустан, а вниманието на луѓето околу себе го привлече со своите гради.

Симпатичната Андреа Закерман ја играше улогата на Габриела, неугледна бубалица, лудо вљубена во Брендон, чиј лик го глумеше Џејсон Присли.

Таа денеска изгледа секси, сè уште го има слаткиот шарм, но стана и вистинска холивудска заводничка. Низ целиот овој период се избори за силна позиција во Холивуд.

Денеска е омажена и има две деца.

 

 

Scroll to Top