Пејачката Шакира ги израдува своите обожаватели со новата песна која ја изведе во дует со пејачот Малум. За овој нов светски хит направен е и спот кој исто така привлече внимание.
Имено, во црно-белата екранизација на оваа песна Шакира лежи во вода и пука од сексипил.
Спотот за само еден ден го виделе повеќе од 7 милиони луѓе на Јутјуб и претставува вистински хит на интернет.