Хилари Клинтон читаше делови од контроверзната книга за Доналд Трамп, „Оган и бес“

Поранешната кандидатка на демократите за претседател на изборите во САД во 2016 година, Хилари Клинтон, се појави на доделувањето на наградите „Греми“ во Њујорк во политички сегмент каде што на глас читаше делови од контроверзната книга „Оган и бес“ за актуелниот претседател Доналд Трамп.

Како што пренесува АП, таа се појавила во скеч во кој познатите личности учествуваат на аудиција за читање на бестселерот на Мајкл Волф, „Оган и бес“, што го организира водителот на годинешните доделувања на наградите „Греми“, Џејмс Кордон.

Некогашната прва дама на Америка ја освои наградата „Греми“ во 1997 година за читање на својата книга „Потребно е цело село“.

Гледајте:

Scroll to Top