Пред неколку месеци во Париз е отворен првиот фитнес-центар каде што членовите може да вежбаат голи. Дури и некои од инструкторите се голи. Членовите може голи да вежбаат јога, фитнес, да пливаат голи во базенот. Но, според правилата на клубот, кога седнуваат на справите, мора да стават крпа, а за да пливаат во базенот, мора да носат капа на главата.
Бројот на членовите во клубот од ден на ден се зголемува, па веќе е ставена и листа на чекање.
Неодамна во Париз се отвори и првиот ресторан каде што гостите може да седат голи додека јадат.