Актерката Шерон Стоун во 2001 година имала мозочен удар за кој сега проговори јавно. Таа имала 43 години и по ударот морала отпочеток да учи да оди, да зборува и да пишува.
„Во 2001 година имав мозочен удар и деветдневна мозочна хеморагија што го промени мојот живот засекогаш. Лекарите ми дадоа само 5-процентна можност за преживување. Кога дојдов дома по ударот, едвај можев да се движам. Колкот ми беше нестабилен. Не можев да гледам со левото око и не можев да слушам со левото уво. Не можев да си го напишам моето име речиси три години. Морав да научам да читам, да пишувам, повторно учев да зборувам. Потребни беа години за да се врати чувството во мојата лева нога, но конечно се врати“, била искрена Шерон во интервјуто.