Во една детска болница во Хјустон, Тексас, во САД, била извршена успешна операција на сијамски близначки родени во 2016 година.
Операцијата била извршена пред еден месец, а сега 13-месечните бебиња се во добра здравствена состојба.
Тие биле споени во делот на градниот кош и стомакот.
Сестрите близначки се родени на 29 декември 2016 во семејството на Џил и Мајкл Ричардс во северен Тексас.