Ексцентричниот американски милијардер и технолошки магнат, Елон Муск, деновиве направи нешто несекојдневно и доколку се мине како што треба, дефинитивно ќе влезе во историските учебници!
Имено, Муск, како сопственик на компанијата „SpaceX“ која произведува ракети за вселенските летови, ја искористи можноста и во теретниот протор во една од нив, го смести моделот Тесла Роадстер (првиот автомобил на компанијата)!
Ракетата која е лансирана и има за цел да влезе во орбитата околу Сонцето, носејќи го споменатиот Роадстер, а на своето патување до најблиската ѕвезда, треба да мине и и во близина на Марс, каде е планирано да автомобилот го ослободи и самостојно пролета покрај Црвената планета!