Посен кадаиф за Прочка

Според народните обичаи, за Прочка се прави кадаиф.

Состојки:

400 грама кадаиф
800 грама шеќер
1.200 мл вода
1 пакетче ванилин шеќер
80 мл зејтин
150 грама сечкани бадеми или ореви
80 грама суво грозје
1 лимон
1 портокал

Начин на подготовка:

Кадаифот го редиме во тава за пешење, па го попрскуваме со зејтинот. Го печеме околу два часа во загреана рерна на 150 степени. Бадемите ги сечкаме ситно, лимонот и портокалот ги сечкаме на тенки тркалца. Во длабок сад ја ставаме потребната количина вода со шеќерот и ванилата. Ги додаваме лимонот и портокалот. Шербетот го вариме 20 минути на тивок оган додека да добие жолта боја и да се згусти. Откако ќе се испече кадаифот го оставаме да остине. Одозгора ги редиме подеднакво бадемите и грозјето, потоа лимонот и портокалот.

И шербетот треба да се излади или да биде млак, оти ако го полиете кадаифот со топол шербет ќе се залепат конците. Нека отстои барем една ноќ за убаво да го впие шербетот.

Scroll to Top