Граѓаните на Кина и на Тајван денеска го прославија почетокот на лунарната Нова година. На многу места во овие земји беа организирани посебни прослави. Луѓето го одбележаа почетокот на годината на кучето и се молеа за добросостојба следната година.
Во Тајпеи, Тајван, жителите се молеа за здравје, мир и благосостојба. Тие годината на кучето ја пречекаа во храмот Лонгшан. Почетокот на годината се смета за најважен, а молитвата за боговите е традиција што малкумина Кинези би ја пропуштиле.