Маската од кромид се смета за една од најделотворните маски кои поттикнуваат брз раст на косата.
Главица кромид исечкајте ја ситно, па изблендирајте ја. Потоа, кромидот нанесете го на коренот на косата, ставете капа за туширање и врз неа некоја топла капа или пешкир.
Оставете да делува еден час, а потоа косата исплакнете ја на вообичаен начин. Третманот се повторува секоја недела во следните 3 месеци