Во затворот „Милтон Диас Мореира“ во Рио де Жанеиро затворениците организирале бунт и ги земале стражарите како заложници, пренесуваат бразилските власти.
Припадниците на специјалните единици заедно со полицијата формирале кордон околу затворот, каде што во неделата попладне почнал бунтот, се наведува во соопштението на затворската администрација.
#Edicao20 Rebelião com reféns em curso no presídio Milton Dias Moreira em Japeri, município da Baixada Fluminense no RJ. #GloboNews #Urgente pic.twitter.com/jcoJt1HoGp
— Robson T. Oliveira (@robsontolive) 18 February 2018
Не е познато колку луѓе се земени за заложници ниту дали во текот на бунтот имало повредени или настрадани.
Во затворот, кој е предвиден за 900 затвореници, казна служат повеќе од 2000 луѓе.
Batalhão de Choque da Polícia Militar acionado para conter rebelião no presídio Milton Dias Moreira, em #Japeri, na região metropolitana do Rio de Janeiro https://t.co/7UQZXlTCMa pic.twitter.com/CiZgTnEJIO
— RENOVA (@RenovaMidia) 18 February 2018
Овој инцидент е последен во низата насилства во бразилските затвори, кои де факто се под контрола на моќните нарко-картели.
Активистите за човекови права тврдат дека условите во затворот се како од среден век, дека нема доволно храна и дека ќелиите се толку полни што затворениците немаат каде да легнат.