Измамниците отсекогаш имале голема фантазија, а во поново време користат возила како алатка што ќе им овозможи да дојдат до пари. Овој возач на камион, за среќа, имал камера во својата кабина, па снимил сè што се случило.
По престигнувањето, возачот на автомобилот нагло забавил и предизвикал судир за да дојде до пари од осигурувањето.
Кога стигнала полицијата, им рекол дека се обидел да спаси куче што истрчало на улицата и го обвинил возачот на камионот дека не држел доволно безбедносно растојание.
Возачот на камионот им ја покажал снимката, па мажот што го возел автомобилот завршил во затвор и морало да ја плати и штетата што му ја направил на камионот.