Како што се наближува пролетта, така се зголемува и потребата за промени и разубавување. Во контекст на тоа во продолжение ќе видите кои се трите најпопуларни фризури за претстојната сезона
Француска фризура
Краток боб во комбинација со кркми. За францускиот шик изглед ќе придонесете ако притоа косата е навидум несредена, односно со лежерни бранови и волумен. На тоа додадете кармин во корална или црвена боја и подготвени сте за претстојната пролет!
Плетенки
Платенките пак се во мода и нивната популарност не се намалува веќе неколку пролет-лето сезони. Како да ги носите? Нема правила, а тоа значи дека можете да си играте со креативноста. Дали ќе ги комбинирате со лелеава пуштена коса или ќе се одлучите за софистицирана собрана, изборот нека биде ваш.
Раздвоени кркми
Кркмите ќе бидат меѓу водечките трендови во сезоната што ни доаѓа. Но, ќе се носат опуштени и раздвоени. Ако ви треба инспирација, разгледајте ги фотографиите на Брижит Бардо од младоста и ќе ви биде совршено јасно за што зборуваме. На Хејли Болдвин, дефинитивно, ѝ е јасно бидејќи веќе го применува овој тренд!