Гаги Џогани, поранешниот сопруг на пејачката Анабела, вели дека штом неговата ќерка Луна ќе излезе од реалното шоу „Задруга“, ќе ја води на психијатар. Тој вели дека луѓето неправедно ја осудуваат што се заљубила во оженет човек.
„Таа не заслужува да се однесуваат лошо кон неа. Ако некој искрено се заљуби, што е тука проблемот? Има право на свој живот. Беше слободна девојка пред да започне врска со Слоба. Јас ја поддржувам и никогаш не почувствував срам поради тоа. Се гордеам со неа, изјавил Гаги за „Курир“.
Во интервјуто го прашале дали Луна треба да посети пријихатар по излезот од шоуто, по што тој рекол:
„Сигурен сум дека тоа ѝ треба на Луна. Јас лично ќе ја однесам. Разговор со професионалец или некоја терапија му се потребни на моето дете. Тоа ќе ѝ помогне да се издигне над целата ситуација“, рекол тој.