Хрватите бегаат зашто се втората најкорумпирана држава во ЕУ

По правило, колку една членка на ЕУ е покорумпирана, наталитетот е негативен, од неа се иселуваат многу поголем број граѓани и е оценета како недемократска.

Еден од најлошите начини за уништување една земја како функционално општество, во прв ред како демократско и просперитетно општество, е корупцијата, и тоа во кој било од нејзините облици: Мито, клиентелизам, злоупотреба на функцијата. Според последното истражување на Евробарометар, кое се однесува на корупцијата во секоја одделна членка на ЕУ, Хрватска е меѓу најкорумпираните.

Хрватите со Шпанија и Кипар го делат 2., 3. и 4. место како земја во која 94 проценти од испитаните граѓани одговориле дека корупцијата во нивната земја е раширена насекаде.

Најлошо стои Грција, во која дури 96 отсто од граѓаните одговориле дека татковината им е уништена од корупцијата. Всушност, во половината членки на ЕУ, кај 80 отсто, а можеби и повеќе, има впечаток дека корупцијата е присутна во секој сегмент од општеството и тоа особено важи до денес за транзициските земји со земјите како Грција, Кипар, Шпанија и Малта.

Што се однесува до преостанатиот дел на ЕУ, веќе со Ирска впечатокот за корупција нагло паднал на 68 отсто. Случајно станува збор за земја што хрватските иселеници ја открија во последните години. Од транзициските земји, со стара европска демократија, во оваа група влегуваат и Полска и Естонија.

Интересно е тоа што чувствителноста на граѓаните за корупција во тие земји по правило е поголема во источниот дел на Европа и покрај впечатокот за ширење на корупцијата во Данска, каде што 22 процент од граѓаните имаат впечаток дека е раширена во општеството, а во Финска овој процент изнесува само 21 процент.

Неодамна „Експрес“ ја пренесе веста за рекордно ниската регистрирана невработеност во Хрватска со 12,2 проценти или релативно само 195.000 граѓани, бројка на невработени каква што Хрватска немала уште од 1990 година.

Очигледниот заклучок на аналитичарите бил дека сегашниот изразит пад на невработеноста не е поврзан само со прекинот на рецесијата и закрепнувањето на економијата, што дефинитивно влијаело на невработеноста, туку и со иселувањето на хрватските граѓани во странство, како и можеби рекордната обесхрабреност на голем број невработени граѓани дека воопшто може да најдат каква било работа затоа што се убедени дека во ваква земја нема да може да ја пронајдат.

Ваквата состојба на духот во Хрватска одговара и на најновите податоци на Државниот завод за статистика, според кој во текот на 2017 година во Хрватска се родени 900 деца помалку отколку во 2016 година – 36.467 деца.

Истовремено, починале 54.261 лица, што создава негативен наталитет со 17.614 помалку жители во Хрватска. Таков негативен наталитет Хрватска немала ниту како социјалистичка република ниту како самостојна република, попрецизно уште од Втората светска војна.

Ако покрај тоа се земат предвид и годините од претходно кога од Хрватска се отселиле 22.000 луѓе, повеќе отколку што се вселиле, има смисла да се пресмета дека Хрватска во текот на 2017 година изгубила околу 40.000 жители. Според процените на Државниот завод за статистика, Хрватска денеска има 4,2 милиони луѓе (иако некои експерти велат дека бројката изнесува нешто помалку и од 4 милиони).

Од нив, околу 19,5 проценти се загрозени со сиромаштија, при што стапката на пензионерите се искачува над една третина, а меѓу слабо или необразованите речиси до 40 отсто.

А тука е и недостигот на демократија. Хрватска, поради тоа што е втора најкорумпирана држава во Европската Унија, како што пренесува Европскиот извештај за состојата со демократијата, втора најнедемократска во ЕУ, е полоша и од Унгарија во ерата на Виктор Орбан, нешто полоша само од Романија.

Според неодамна објавените прогнози на Обединетите нации за своите членки до 2050 година, Хрватска во наредните три децении ќе ја следат економски, општествени, климатски и други нарушувања што ќе предизвикаат и загуба од 17 отсто од населението колку што го има денеска.

Во Европа најлошо, според ваквите прогнози, минаа Бугарија (23 отсто), Латвија (22 отсто), Молдавија (19 отсто) и Украина (18 отсто).

Хрватска би ја делела судбината со Латвија и Романија, а по 15 отсто би требало да загубат Србија, Полска и Унгарија.

 

 

 

 

Infographic: Where Europeans Consider Corruption Widespread | Statista

Scroll to Top