Состојки:
300 гр спанаќ
200 гр замрзната пченка
2 моркова
2 лимона
сол
масло
Начин на подготовка:
Се мие и се чисти спанаќот, се ситни на парчиња, а пченката кратко се вари во солена вода заедно со морковот, кој се чисти и се сечка на кругови. Се ставаат во сад сите состојки, се додава сол и масло, како и лимонов сок. Сè убаво измешајте.