Песочната бура буквално го покри градот Шарлвил во Квинсленд, Австралија, што наеднаш сè стана портокалово – улиците, дрвјата, зградите.
Освен откорнати дрвја, повеќе штета немаше, но на градот му беше променет личниот опис.
Властите велат дека силните ветрови го собрале целиот песок и прашина од таа област и ги префрлиле кон Шарлвил.
„Не гледаме често наноси во западните делови на Квинсленд затоа што таму е исклучително суво и топло подрачје. Ова е сигурно најимпресивниот настан во последните неколку години“, вели Хери Кларк од Австралиското метеоролошко биро.
Тој вели дека песочната бура се раширила на 210 километри, а дека силината на ветровите достигнувала и до 96 километри на час.
Соња Стрит од Шарлвил поставила на „Фејсбук“ фотографија од својот урнисан кревет со напомена дека не го затворила прозорецот кога отишла на работа и дека нема шанси машината за перење да ја исчисти ваквата прашина што влегла со ветерот.
„Слушнавме страшно грмење и излеговме надвор. Само што се свртевме, нè погоди голема црвена песочна бура. Очите ни беа полни со песок“, се пожалил Пејџ Доналд на австралиската телевизија.