По граѓанската војна, повеќе од половина население во Јужен Судан нема што да јаде

Една година откако во Јужен Судан на кратко бил прогласен глад, повеќе од половина од жителите во таа земја се соочуваат со екстремен глад среде граѓанската војна.

Во новиот извештај на Обединетите нации и владата во Јужен Судан, се наведува дека повеќе од шест милиони луѓе се во опасност ако не добијат помош, што е пораст од 40 отсто во однос на претходната година.

Според процените, околу 150.000 луѓе оваа година би можеле да бидат погодени од глад.

Рос Смит од програмата на Обединетите нации за храна изјави дека постои незапаметено ниво на небезбедност и снабдување со храната во Јужен Судан.

Според податоците од Обединетите нации, секој трет Јужносуданец поради конфликтот е принуден да го напушти својот дом, што довело до најмал процент на производство на жито од почетокот на војната во 2013 година.

 

Scroll to Top