Почина ќерката на комичарот Бил Козби

Енса Козби, ќерката на легендарниот комичар Бил Козби, починала на 44 годишна возраст.

Како што соопштил портпаролот на семејството, Енса починала во Масачусетс, поради тешката болест која ја имала со бубрезите, поточно бубрежна инсуфицијенција.

Минатата година, Енса пред судот го бранела нејзиниот татко, поради обвинувањето дека во 2004 година дрогирал и сексуално навредувал жена.

Судењето е закажано за 2 април оваа година, а Козби ги отфрлил сите обвинувања кои му се ставале на терет. Енса, која се појавува во една епизода во шоуто на нејзиниот татко „The Cosby Show“, се борела со здравствени проблеми.

Енса била на чекање за трансплатација на бубрег, но операцијата не ја дочекала.

Енса има три сестри, Ервин, Ерин и Ерика. Братот Енис бил убиен во 1997 година, во текот на неуспешен обид за грабеж, додека менувал гума на автомобилот.

Во изјава во мај минатата година, Енса, која е мајка на едно дете, изјавила дека постои расистичка мотивација во процесот против нејзиниот татко.

 

 

„Мојот татко е јавно линчуван во медиумите“, изјави таа, додавајќи дека обвинувањата против Бил биле грозни.

Бил Козби во 2004 година, бил осомничен дека ја дрогирал и сексуално навредувал Андреа Констанд.

 

Scroll to Top