(Видео) Просјачка одбила да ѝ купат чизми за повеќе да заработува

На градските улици секојдневно може да видиме лица што со децата во прегратка просат за млеко или леб, а често се случува да стане збор за измамници што на таков начин доаѓаат до лесна заработка.

Една просјачка деновиве се наоѓа на улицата Живиница во Босна и Херцеговина.

Лесно облечена, без чевли и чорапи, оди по улиците и на минус 10 Целзиусови степени. Еден од сограѓаните одлучил да ѝ помогне.

Откако ѝ понудил да ѝ купи топли чизми, а таа се согласила, човекот отишол до блискиот објект и ѝ купил облека.

Кога се вратил, ѝ понудил да ѝ ги облече, но жената во нив не сакала ни да погледне.

Човекот сето тоа го снимил, најверојатно, со мобилен телефон и видеото го ставил на „Фејсбук“, а реакцијата на корисниците на оваа социјална мрежа биле сосема очекувани.

„Не сака да ги земе чизмите затоа што со боси нозе собира пари, колку таа заработила со тие боси нозе. Ех, стара приказна. Одат голи и боси затоа што сакаат, а не затоа што мораат“, се само некои од коментарите што може да се видат под објавеното видео.

 

Scroll to Top