Диетата трае 13 дена и за тоа време можете да ослабнете од 8 до 10 килограми. Станува збор за балансирана диета и е честа препорака на нутриционистите.
Ден 1
Појадок – чаша зелен чај, ручек – две варени јајца, домати и зелена салата без зачини. Вечера – 150 грама варено телешко и спанаќ на пареа.
Ден 2
Појадок – чаша зелен чај, ручек – печено телешко 150 грама, салата од домати и марула. Вечера – супа од зеленчук, но без компири.
Ден 3
Појадок – мусли со јогурт, ручек – варено пилешко и зелена салата. Вечера – две варени јајца и салата марула.
Ден 4
Појадок – чаша зелен чај, ручек – едно јајце, парче сирење и 2 моркова. Вечера – овошна салата и чаша кисело млеко.
Ден 5
Појадок – рендани моркови со лимонов сок. Ручек – риба на скара и домати. Вечера – телешко варено и зелена салата.
Ден 6
Појадок – мусли со јогурт, ручек- парче пилешко на скара и салата марула. Вечера – телешко варено и домати.
Ден 7
Наутро чаша зелен чај, ручек – телешко варено и салата. Вечера – овошна салата и чаша кисело млеко.
Од 8 – 13 ден менито се повторува. Количината месо на секој оброк изнесува 150 грама. Вода се пие по 2 литра секој ден.