Лесна диета – ослабнете до 10 килограми за 13 дена

Диетата трае 13 дена и за тоа време можете да ослабнете од 8 до 10 килограми. Станува збор за балансирана диета и е честа препорака на нутриционистите.

 

Ден 1

Појадок – чаша зелен чај, ручек – две варени јајца, домати и зелена салата без зачини. Вечера – 150 грама варено телешко и спанаќ на пареа.

Ден 2

Појадок – чаша зелен чај, ручек – печено телешко 150 грама, салата од домати и марула. Вечера – супа од зеленчук, но без компири.

Ден 3

Појадок – мусли со јогурт, ручек – варено пилешко и зелена салата. Вечера – две варени јајца и салата марула.

Ден 4

Појадок – чаша зелен чај, ручек – едно јајце, парче сирење и 2 моркова. Вечера – овошна салата и чаша кисело млеко.

Ден 5

Појадок – рендани моркови со лимонов сок. Ручек – риба на скара и домати. Вечера – телешко варено и зелена салата.

Ден 6

Појадок – мусли со јогурт, ручек-  парче пилешко на скара и салата марула. Вечера – телешко варено и домати.

Ден 7

Наутро чаша зелен чај, ручек – телешко варено и салата. Вечера – овошна салата и чаша кисело млеко.

 

Од 8 – 13 ден менито се повторува. Количината месо на секој оброк изнесува 150 грама. Вода се пие по 2 литра секој ден.

Scroll to Top